Атлетико Мадрид доби „џек-пот“ на „Камп Ноу“ и си замина од Барселона со предност од два гола пред реваншот во престолнината кој е закажан за шест дена, но победата од 0:2 донесе и спорни ситуации кои предизвикаа бес во противничкиот табор.
Барселона остана со играч помалку поради наивен потег на Пау Кубарси, но всушност домаќините најмногу протестираат за недосудениот пенал на стартот на вториот дел.
Пубиљ ја допре топката со рака откако претходно Мусо веќе ја стартуваше акцијата, но главниот судија Ковач протолкува дека не станува збор за почеток на акцијата, туку за неофицијално додавање во шеснаесетникот на Барселона.
Polemica entre Musso y Pubill por la jugada de saque de meta 👀🎙️#UCL pic.twitter.com/fEO1YEe4GK
— DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) April 8, 2026
Доколку се одлучеше да ја стопира играта, романскиот судија според правилата требаше да покаже втор жолт картон за Пубиљ и да досуди пенал за Барселона, а бидејќи тоа не се случи, протестите од Каталонија се навистина остри.
Ханси Флик го искаже своето незадоволство и го крена гласот за овој инцидент, кој во јавнсота беше искоментиран и од еден од актерите, голманот Мусо.
– Зарем ќе го сумираме натпреварот врз основа на таа една акција….. Ајде да зборуваме за натпреварот. Тие се одличен тим и не прават подобри. Играта со рака на Пубиљ не менува ништо, тој не добива предност со таа акција. Ќе беше поинаку ако имаше блиску играч и ако беше под притисок. Топката не беше во игра, такво беше нашето толкување, а такво беше толкувањето и на судијата. Судијата е тој кој носи завршна проценка и таа беше иста како нашата, – изјави голманот Мусо.







