Актерката Џесика Алба се пофали со посебен успех на нејзината компанија „Honest“ која се занимава со продажба на производи со убавина.
Имено таа сподели видео на Инстаграм со опис: „Нешто од моите најлуди соништа… Honest во вселената. Што?!“.
Во продолжение на видеото ѝ се обратила на астронаутката и инженерка Кристина Хамок Кох, која отиде на историската мисија „Артемис II“ со тројца други астронаути на 1 април. Актерката сподели видео во кое седела во автомобил, слушајќи го посебното барање на Кох од вселената.
„Да, ова можеби ќе бара малку истражување. Барам специфичен хигиенски производ, а тоа е лосионот „Honest“. Тоа е лосион за раце. Мислев дека го имаме тука, но едноставно не можевме да го најдеме“, порача Кристина, а нејзината порака пријатно ја изненади Џесика.
„Што?! Ова е лудо“, рече таа, додавајќи дека од самиот почеток имала идеја да им обезбеди на своите корисници „побезбедни и подобри производи“. Алба исто така сподели дека отсекогаш сакала нејзината компанија да има статус на „искрена“ компанија, а потоа уште еднаш ја изрази својата возбуденост што една астронаутка го побарала нејзиниот производ во вселената.

„Ова е момент за кој никогаш не помислив дека ќе биде мојот вистински живот. Сите вие што имате соништа за што било, само одете по нив, бидејќи никогаш не се знае… Вашите производи би можеле да бидат во вселената“, додаде Џесика, која во описот нагласи дека ќе ѝ ги испрати на Кристина „сите лосиони од Honest“ кога ќе се врати на Земјата.










