[ВИДЕО] Брачен пар од САД по 70 години поминати заедно почина во растојание од 9 часа

Кармин

09/04/2026

08:10

529

Големина на фонт

а а а

Брачен пар од Тенеси, кој бил во брак подолго од седум децении, почина во рок од неколку часа во куќата во која живееле со години.

„Џон Ридли Трајс, 93-годишник од Лебанон во Тенеси и неговата сопруга 94-годишната Алис Мос Трајс починале на 2. април.

„Никогаш неможевте да го спомнете едното од нивните имиња, а да не помислите на другото“, изјавила нивната ќерка Анџела Трајс за „WSMV“ во интервјуто објавено во вторник.

„Навистина ниту еден од нив не би сакал да живее без другиот, а не ни мораа“.

Џон целиот живот го поминал во Лебанон, но Анџела рекла дека нејзината мајка по потекло била од блиската планина Џулиет.

Џон починал околу 13 часот на 2. Април, а Алис починала девет часа подоцна во нивниот дом во Лебанон.

Според неговата посмртница Џон бил роден на семејна фарма, а откако го завршил средното училиште во 1950 година, се стекнал со диплома на американски фармер и продолжил со традицијата на занимавање со земјоделство со неговиот татко Роберт Хенри. Подоцна поминал речиси 20 години работејќи за „Bland Motors“ продавајќи трактори и опрема.

Алис го сакала градинарството, а на Саемот на цвеќе на округот Вилсон дури била додадена и „Награда за вкупна извонредност Алис Трајс“ како главна награда.


Џон и Алис се венчале на 11 ноември 1955 година, а потоа заедно ја изградиле својата куќа и ги одгледале децата.

„Патувањето беше посебна радост во животот на Алис, кој го делеше рамо до рамо со својот сопруг Џони. Заедно создадоа безброј спомени, уживајќи во патувањата колку и во дестинациите. Ги посетија сите 50 сојузни држани и бројни земји ширум светот. Овие искуства се одраз на нивното длабоко пријателство и животот што заедно го изградија“ пишува во посмртницата на Алис.

Нивната ќерка Анџела го споделила и она што го нарекла клуч на долгорочната врска на нејзините родители.

„Знаете, тато обично велеше да го ставиме Бога на прво место, а потоа да бидеме тука едни за други“, рекла таа.

Нивниот погреб ќе се одржи во петок 10-ти април.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk