Дрво што не треба да се сади покрај куќа: Може да предизвика повеќе штета отколку што мислите

Кармин

08/04/2026

09:58

765

Големина на фонт

а а а

Добро одржуван и привлечен куќен амбиент не е само естетски додаток, туку и место на удобност и релаксирање.

Дрвјата честопати имаат клучна улога во тоа, но потребно е внимание при нивното избирање и садење. Имено некои видови дрвја засадени во близина на куќите можат да предизвикаат повеќе штета отколку што мислите.

Оние кои живеат во куќа со двор честопати со помош на растенија сакаат да го украсат и да го разубават. Така многумина се одлучуваат да засадат дрво во близина на куќата за обезбедат малку сенка за време на летните месеци или одбираат овошни дрвја што ќе им дадат вкусни плодови.


Без оглед на причината поради која садите дрвја, се препорачува претходно да се консултирате со експерти, особено за да проверите дали имате соодветна локација за одреден вид.

Некои видови не се погодни

Важно е прво добро да се информирате за дрвото што сакате да го засадите, бидејќи некои видови не се погодни за садење во близина на куќа затоа што можат да ја оштетат.


На пример, дали знаевте дека смоквата не треба да се сади во близина на куќа? Имено смоквата има многу инвазивен коренов систем кој расте и се шири екстремно брзо. Нејзините корени постојано бараат влага, лесно продираат во пукнатини, па дури и ги еродираат темелите на куќата, особено таму каде што почвата е повлажна.

Исто така, предизвикува проблеми за околната инфраструктура, особено за подземните инсталации. Корените се обвиткуваат околу водоводните, канализациските и другите цевки, па дури можат и да ги пробијат. Ако ги прашате луѓето кои веќе имале проблеми со смоквата, тие веројатно би ве советувале да ја засадите што е можно подалеку од куќата.

Експертите препорачуваат таа биде оддалечена најмалку пет метри од куќата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk