Хаверц по голот во Лисабон: Арсенал е подготвен да освојува големи трофеи

Дерби

08/04/2026

09:32

160

Големина на фонт

а а а

Арсенал вчера оствари победа против Спортинг со гол во завршницата на гостувањето во Лисабон, а реализатор беше резервистот Каи Хаверц.

Германецот по натпреварот не го криел задоволството од ефектот и резултатот, најавувајќи дека неговиот тим покажал карактер и остварил важна победа по поразите во Карабао и ФА Купот.

– Останавме сплотени како колектив, имаме што да кажеме до крајот на сезоната.

– Има уште многу да се игра, но тимот е подготвен да освојува големи трофеи, – рекол Хаверц, пред да испрати посебни пофалби за голманот Давид Раја, кој и вчера имаше клучна улога и не дозволи реализација на неколку големи шанси на португалскиот ривал.

– За мене, тој е најдобар голман во светот последните две сезони. Нѐ спаси во толку многу ситуации, – рекол германскиот напаѓач.