Тренчевска: Секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки, цената на дизелот поскапува

Макфакс

07/04/2026

13:08

123

Големина на фонт

а а а

Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува, изјави Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ.

„Мерките на СДСМ не се воведени до крај, а цената на оваа неспособност ја плаќаат граѓаните кои се соочуваат со нов ценовен шок токму пред велигденските празници. Поскапени се: лебот, брашното, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, зејтинот…буквално се е поскапено. Апсурд се изјавите и изговорите од власта. Прво, Мицкоски тврдеше дека сме „трета економија во Европа“, додека неговата портпаролка Марија Митева вели дека БДП расте за 2,8%. Па ако сме трета економија во Европа зошто не се покачи минималната плата на 600 евра и зошто не се воведат посебни пакети помош за ранливите граѓани. Вчера Мицкоски рече дека буџетот губи милион евра дневно. Ако губиме милион дневно – зошто ги повикува граѓаните од соседните земји да точат горив кај нас?Зошто не се преземаат мерки за ограничување?“, праша Тренчевска.

Таа додаде дека СДСМ понуди 4 конкретни законски решенија за заштита на стандардот на граѓаните и стабилизација на цените: Закон за укинување на ДДВ за основните прехранбени производи на 0%, Закон за намалување на ДДВ на горивата на 5% а не како што е сега, Закон за намалување на акцизите на горивата за 4 денари и преполовување на цените на патарините.

„Законските решенија се на собраниска седница, ги повикуваме пратениците да ги поддржат и конечно да застанат на страната на граѓаните“, рече Тренчевска.