Уште неколку дена останаа до најрадосниот христијански празник Велигден, па наголемо размислуваме за тоа како ќе изгледа нашата трпеза на тој ден, како ќе го украсиме нашиот дом и како ќе ги вапсаме јајцата.
Но, многу е важно да знаеме кои симболи треба да ги имаме, бидејќи се верува дека тие носат среќа, мир и благосостојба. Експертката за фенг шуи Марија Дајмонд открива и каде треба да ги поставиме за да привлечеме позитивна енергија и хармонија во домаќинството.

Крстот е основен симбол на христијанската вера и без него не можеме да замислиме ниту еден празник. Исус бил прикован на крстот и умрел на него, за да воскресне три дена подоцна.
Крстот не е само основен симбол на христијанската вера, туку и симбол на спасение и победа. Препорачливо е да се постави во северозападниот дел од домот, бидејќи се верува дека ова подрачје носи енергија на сила, стабилност и мудрост. Може да стои во трпезаријата, канцеларијата или како декорација на влезот, како потсетник за заштита и вера.

Свеќите симболизираат светлина што носи јасност и ја растерува темнината. Во духовна смисла, тие ја претставуваат светлината Христова и патот кон вечноста. Идеално е да се постави свеќа во североисточниот дел од домот, што е поврзано со духовен раст и напредок.

Во многу култури, зајакот е симбол на плодност, изобилство и среќа. Се препорачува да се постават пар бели зајаци во домот, по можност во источниот дел од просторот. Се верува дека овој симбол привлекува радост и изобилство, особено за време на празниците.

Белите лилјани симболизираат чистота, мир и духовна сила. Нивното место е во северозападниот дел од домот, каде што придонесуваат за чувство на стабилност и хармонија. Тие исто така можат да се постават на североисток, за да се поттикне духовниот развој.

Јајцата се еден од најпрепознатливите симболи на Велигден, бидејќи претставуваат нов живот и плодност. Со поставување декорации во облик на јајца во западниот дел од домот, особено во дневната соба или трпезаријата, придонесувате за зачувување на семејната хармонија и позитивни промени.

Палмата и маслинката симболизираат мир, победа и нов почеток . Зелените гранчиња донесени во домот се поврзуваат со енергијата на пролетта и обновата. Препорачливо е да се постават во југоисточниот дел од просторот, што се поврзува со просперитет и благосостојба.
Јагнето е моќен симбол на жртва, невиност и нов почеток . Најчесто се поставува во јужниот дел од домот, во просторот каде што се собира семејството. Потсетува на вера, заштита и почеток на нов циклус, особено во пролетниот период кога симболиката на новиот живот доаѓа до израз.
Јагнето го симболизира самиот Господ, роден во штала меѓу јагниња, гонет од луѓе со волчји темперамент. Тој е жртвеното јагне кое трпеливо издржало страдање и смрт, и победничкото јагне Божјо, на небесниот престол. Низ многу векови, пророкот Исаија ја предвидел страшната жртва на Голгота.

Тој од далеку го виде Господ Исус, воден на колење како што се води јагне, бидејќи се однесува исто како да оди на пасиште: беспомошно, без вознемиреност, без злоба. „Еве го Јагнето Божјо!“ рече Свети Јован Крстител. Христос често е претставен како Добриот Пастир кој бдее над своите овци, што ги симболизира неговите верни следбеници. Исто така, јагнињата се раѓаат напролет и симболизираат нови почетоци. Поставете ги фигурите во јужниот дел од домот, во дневната соба, трпезаријата или канцеларијата.