Д-р Дип Дута, ендокринолог, јаде по 4 јајца дневно, па одлучил да провери дали е вистина дека тие влијаат на нивото на холестерол. Ги покажа своите резултати.
Д-р Дип Дута, ендокринолог, јадел 28 јајца неделно во период од година и пол. На тој начин сакал да провери дали митот за нивното негативно влијание врз нивото на холестерол има медицинска основа. Резултатите од неговиот експеримент се изненадувачки – и тоа во позитивна смисла.
Дали јајцата навистина го зголемуваат холестеролот?
Иако лекарите повеќепати се обиделе да ја побијат тезата дека јајцата го зголемуваат нивото на холестерол, многумина и натаму веруваат во овој мит. Д-р Дип Дута, ендокринолог, во обемна објава на социјалната мрежа „X“ откри дека веќе повеќе од 18 месеци јаде по четири јајца дневно, односно 28 неделно. Нагласи дека тоа не влијаело негативно врз неговиот липиден статус. Нема покачен холестерол ниту триглицериди.
It is a myth that cholesterol goes up on eating eggs! They are the cheapest & best source of proteins
— Dr. Deep Dutta (@deepduttaendo) March 20, 2025
Impact of eating 4 eggs per day over last 1.5 years on lipid profile (an experiment of thyself)
1) No impact of cholesterol & triglycerides!
2) Significant increase in good… pic.twitter.com/puevvTfDxi
Јајца и холестерол – факти и митови
Иако јајцата содржат холестерол (околу 186 mg во едно жолчка), внесот преку храна има мал ефект врз нивото во крвта. Кога внесуваме повеќе храна богата со холестерол, црниот дроб едноставно произведува помалку. Тоа е природен механизам на саморегулација на организмот.
Научните истражувања покажуваат дека дури 70 отсто од луѓето не доживуваат негативен ефект од јајцата врз нивото на холестерол. Останатите 30 отсто се т.н. хиперреактивни поединци, кај кои може да дојде до благо зголемување, но тоа обично не е штетно за здравјето на срцето.
Покрај тоа, јајцата можат да го зголемат нивото на HDL холестерол (т.н. „добар“ холестерол). Така било и во случајот на д-р Дута. Тој, покрај зголемувањето на HDL, забележал и намалување на телесната тежина од 12 килограми. Во последните девет месеци, покрај зголемениот внес на јајца, се фокусирал на исхрана богата со салати и трчање најмалку 3-5 километри дневно.
Во прикажаните резултати се гледа како неговиот липиден профил се променил помеѓу 7 септември 2023 и 3 март 2025 година:
• вкупен холестерол – 135 mg/dL (2023), 144 mg/dL (2025)
• триглицериди – 49 mg/dL (2023), 52,6 mg/dL (2025)
• не-HDL холестерол – 102 mg/dL (2023), 102,3 mg/dL (2025)
• HDL холестерол – 33 mg/dL (2023), 41,7 mg/dL (2025)

Колку јајца дневно се безбедни?
Многу експерти од областа на медицината и исхраната сметаат дека консумирањето 1-3 јајца дневно е безбедно за здравјето. Постојат и лица, особено спортисти, кои јадат и до шест јајца дневно без негативни последици. Клучно е јајцата да бидат дел од урамнотежена исхрана богата со зеленчук, интегрални житарки и здрави масти.
Вистинскиот непријател не е јајцето
Јајцата не се главната причина за висок холестерол, туку преработената храна. Ако сте загрижени за нивото на холестерол, најпрво проверете дали во вашата секојдневна исхрана има пржена храна и рафинирани шеќери. Доколку ги има, токму тие намирници треба први да се отстранат од менито, а не јајцата.
Во објавата на мрежата „X“, д-р Дута нагласи дека митовите и дезинформациите можат да имаат штетно влијание врз јавното здравје. Затоа е важно да се потпираме на научни докази, а не на вкоренети верувања.













