[ВИДЕО] Петрушевски: СДС и ДУИ во Тетово донесоа измени во ДУП со кои директно му овозможија бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака

Макфакс

03/04/2026

13:28

121

Големина на фонт

а а а

На прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски обвини дека во 2020 година во Тетово биле донесени измени на деталниот урбанистички план со кои, како што рече, било овозможено реализирање на бизнис вреден 200 милиони евра.

Според него, станува збор за просторот на поранешниот комбинат ШИК Јелак, кој бил откупен од Миодраг Давидовиќ преку фирмата „Јелак Градба“.

„Власта на Заев и Ахмети, во 2020 година, на само еден ден по изборот на новата влада, во Тетово донесе измени во ДУП со кои директно се овозможи бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака“, рече Петрупевски

Рече дека новиот ДУП предвидувал изградба на над 2.000 станбени единици, како и деловни објекти и трговски центри.

Тој оцени дека, според нив, станува збор за проект кој служел за бизнис интереси на тогашната власт.

„Да потсетиме, дека ако не беше ВМРО-ДПМНЕ, во Тетово заради бизнис интерес на врвот на тогашната власт на Заев и Ахмети, на местото на некогашниот гигант ШИК Јелак ќе никнеше бетонска џунгла со над 2.000 станбени единици, илјадници метри квадратни деловни простории и трговски центри“, додаде.