Возел пијан и без возачка, па предизвикал сообраќајка: уапсен 37-годишник од Берово

Макфакс

03/04/2026

11:02

141

Големина на фонт

а а а

Вчера во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово- село Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ѓ.А. од Берово и патничко возило „шкода“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Г. од Берово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „форд“, Џ.Д.(49) од Берово, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „шкода“ А.Г., констатирани во Општа болница Кочани.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Берово и по извршени проверки е констатирано дека возачот Ѓ.А. го управувал возилото, без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, Ѓ.А. е лишен од слобода, а возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.