Јаглехидратите се лоши и уште 3 лаги за исхраната во кои многумина веруваат

Точка

02/04/2026

14:00

373

Големина на фонт

а а а

Нутриционистката Аби Колман, која работи во клиниката за здравје и исхрана „The Edge“, разби четири раширени заблуди за исхраната, вклучително и оние за јаглехидратите и шеќерите во овошјето.

Многумина веруваат дека јаглехидратите се штетни, дека овошјето е нездраво поради шеќерот, дека за здравје е потребна совршена диета и дека здравата исхрана е скапа, но Колман објаснува зошто тоа не е вистина.

Не се сите јаглехидрати лоши

Првата заблуда е дека јаглехидратите се лоши. Колман истакнува дека непреработените јаглехидрати како овес, интегрален ориз, киноа и овошје носат бројни придобивки. „Јаглехидратите сами по себе не се ‘лоши’. Непреработените јаглехидрати како овес, интегрален ориз, киноа и овошје се корисни. Тие обезбедуваат енергија што се ослободува бавно, подолго нè држат сити и нè снабдуваат со клучни нутриенти како влакна, витамини и минерали“, вели таа. Додава дека јаглехидратите не дебелеат сами по себе, туку „клучни се видот, времето на внесување и количината“.


Шеќерот од овошјето не е нездрав како рафинираниот шеќер

Уште еден раширен мит е дека овошјето е штетно поради високата содржина на шеќер. „Овошјето е целосна намирница која содржи природни шеќери. За разлика од додадените шеќери, овошниот шеќер доаѓа во пакет со влакна, што ја забавува неговата апсорпција и спречува нагли скокови на шеќерот во крвта“, објаснува нутриционистката. „Покрај природниот шеќер, овошјето обезбедува и есенцијални нутриенти како витамини, минерали и антиоксиданси“.

Најважна е умереноста

Третата заблуда е дека мора да пронајдете совршена диета за да останете здрави. Колма тврди дека одржувањето на добри навики е далеку поважно. „Стремете се кон доследност, а не кон совршенство. Обидете се да се придржувате до добри навики околу 80 проценти од времето, а оставете си 20 проценти простор за флексибилност. Ретко е проблемот во една намирница, речиси секогаш станува збор за умереност и рамнотежа“, советува таа.


Здравата исхрана не мора да биде скапа

Четвртата заблуда е дека здравата исхрана е скапа. Нутриционистката вели дека е сосема можно да се ужива во хранлива храна без големи трошоци. „Специјализираните ‘здрави’ производи секако можат да бидат поскапи, но здравата исхрана не мора да биде скапа.

Основните намирници како овошје, зеленчук, овес, грав, ориз и јајца се ценовно достапни. Со малку планирање, купување на големо и готвење дома, можете да подготвите избалансирани и хранливи оброци и ужини за дел од цената на преработените производи“, заклучува нутриционистката.