Најбогатата актерка во светот не е Анџелина Џоли. Џејми Герц има богатство од 3 милијарди долари, но не благодарение на глумата.
Многу млади актери кои пристигнуваат во Лос Анџелес сонуваат за две работи - голема слава и огромно богатство. Кога се зборува за оние кои успеале да стигнат до самиот врв на Холивуд, најчесто се споменуваат имиња како Бред Пит, Џорџ Клуни и Анџелина Џоли. Сепак, ниту една од овие ѕвезди не ја носи титулата најбогат актер во светот.
Станува збор за актерка за која многумина веројатно никогаш не слушнале.

Најбогатата актерка во светот долго време не е активно присутна во филмската индустрија. Станува збор за американската актерка Џами Герц, која денес има 58 години.
Публиката ја памети најмногу по филмот „Изгублени деца“ од 1987 година, но во текот на нејзината кариера се појави и во бројни други продукции. Таа глумеше во филмовите „Твистер“, „Помалку од нула“, „Шеснаесет свеќи“ и „Крстопат“, како и во популарната серија „Сајнфелд“.
Според податоците од 2023 година, нејзината нето вредност се проценува на три милијарди долари.

Иако зад себе има значајна актерска кариера, важно е да се нагласи дека не го стекнала своето огромно богатство само благодарение на Холивуд.
Со години, нејзиното име се поврзува со големиот деловен успех на нејзиниот сопруг, Тони Реслер, американски инвеститор и милијардер. Преку овие деловни кругови Џејми Герц го достигна статусот на најбогата актерка во светот.

По долга пауза, Џами Герц накратко се врати на глумата во 2022 година, кога глумеше во филмот „I Want You Back“. Сепак, нејзиното враќање беше краткотрајно и таа набрзо повторно се дистанцира од јавноста и филмската сцена.

Џејми Герц и Тони Реслер не се познати само по својот деловен успех, туку и по своите инвестиции во спортот. Двајцата се ко-сопственици на НБА тимот Атланта Хокс и имаат малцински удел во бејзбол клубот Милвоки Бруерс.

Покрај тоа, тие заеднички го основаа Здружението Реслер-Герц, кое ги поддржува уметничките, образовните, здравствените и еврејските организации. Тие привлекоа посебно внимание во 2012 година, кога донираа рекордни 10 милиони долари.