Алиу: Проширени капацитетите на одделот за психофизиологија на Детска клиника во Мајчин дом

Макфакс

31/03/2026

13:14

106

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Мајчин дом, по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија.

„Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е значаен чекор во континуираното унапредување на здравствената заштита, со посебен фокус на раната детекција, навремената интервенција и сеопфатната грижа за децата со заостанување во психомоторниот развој и аутизам“, истакна министерот Алиу.

Реализацијата на ова проширување е овозможена благодарение на соработката со повеќе општествено одговорни компании и поединци кои ја поддржаа оваа иницијатива.