Мермерен ефект на јајцата: Велигденската трпеза ќе изгледа најубаво со овој метод и само 3 состојки

Точка

30/03/2026

21:37

315

Големина на фонт

а а а

Овој едноставен, а впечатлив метод стана апсолутен хит на сезоната, претворајќи ги обичните јајца во вистински мали уметнички дела.

Во време кога многумина се подготвуваат за прославата на Велигден, барајќи нови и креативни начини за украсување на јајца, романската креаторка на содржини Ема Добра, која стои зад популарниот профил „E.Gustos“, понуди решение што воодушеви илјадници луѓе.


Состојки

Нејзиното видео прикажува метод за бојадисување јајца што дава спектакуларен мермерен ефект, а за него се потребни само три состојки што повеќето веќе ги имаат во својата кујна:

прехранбена боја

оцет

обично сончогледово масло

Едноставна и безбедна техника за секоја трпеза

Ема во краткото видео покажа како да се постигне овој уникатен изглед. Постапката брзо стана хит меѓу нејзините следбеници, кои во коментарите изразија воодушевување од едноставноста и конечниот резултат.

Процесот започнува со варење на јајцата, кои потоа се оставаат да се изладат. Во меѓувреме, Ема ја подготвила бојата со мешање вода, прехранбена боја и малку оцет. Оцетот, како што објаснила, има клучна улога бидејќи неговата киселост помага бојата подобро и поинтензивно да се прими на лушпата од јајцето.


Клучниот чекор што го создава препознатливиот мермерен дезен следува потоа. Пред потопување во бојата, секое јајце треба лесно да се премачка со тенок слој масло. Бидејќи маслото и водата не се мешаат, маслото создава бариера на делови од лушпата, спречувајќи бојата да се фати на тие места. Токму таа едноставна хемиска реакција создава прекрасни, неправилни шари што потсетуваат на мермер. По неколку минути во бојата, јајцата се вадат и се оставаат да се исушат, а за завршен сјај, Ема препорачала исушените јајца лесно да се исполираат со уште неколку капки масло.

Враќање кон природни состојки во 2026 година

Оваа техника совршено се вклопува во растечкиот тренд на природно и еколошки прифатливо украсување на велигденските јајца, што ја одбележа и 2026 година.


Сè повеќе луѓе се свртуваат кон методи што користат состојки од кујната, избегнувајќи вештачки хемикалии. Иако Ема во своето видео користи прехранбена боја, истата техника може да се примени и со природни бои добиени од лушпи од кромид, цвекло или куркума.