Психолошки трик од 10 секунди после кој детето ќе ја напише домашната задача без расправија

Кармин

30/03/2026

15:01

700

Големина на фонт

а а а

Сите деца понекогаш излегуваат од контрола, а родителите често забележуваат дека инсистирањето на авторитет и наредби само ја влошува ситуацијата. Колку повеќе се притискаат, толку е посилен нивниот отпор.

Истражување спроведено на речиси 1500 адолесценти покажало дека претераната контрола од страна на родителите кај децата поттикнува мотивација да го прават токму спротивното од она што се бара од нив, бидејќи се чувствуваат загрозени во својата потреба за слобода и автономија, пишува „YourTango“.

Психолошки трик за избегнување расправија околу домашната задача

Кога вашето дете се спротивставува на некоја задача, како што е пишувањето домашна задача, испробајте едноставна психолошка техника. Можеби веќе сте слушнале за класичниот пример во кој лекар го прашува детето дали сака да прими една или две инјекции. Детето речиси секогаш избира една. Главната цел на овој пристап е да се намали отпорот кон самата задача.


Прашањето на лекарот всушност нуди лажен избор. Една инјекција или две? Вниманието на детето се пренасочува кон донесување одлука наместо кон стравот од инјекцијата и иглата. Истовремено, детето добива чувство на контрола бидејќи само ја донело одлуката. Дополнително, со изборот на само една инјекција наместо две, има чувство дека добило „попуст“. Тоа е метод на одвлекување на вниманието што го одвраќа детето од главниот проблем, а во исто време доброволно го вовлекува во неговото решавање.


Како да се примени лажниот избор?

Оваа техника можете да ја користите во различни ситуации, нудејќи му на детето избор меѓу потешка и полесна опција. Никој не ја избира потешката опција, а целта е детето да ја прифати полесната, што всушност е и она што сте сакале да го постигнете.

„Сакаш ли да ја напишеш домашната задача за цела недела или да се фокусираш само на онаа за утре?“

„Сакаш ли вечерва да го прочиташ целото поглавје или само првите пет страници?“

„Сакаш ли денеска да го напишеш целиот есеј или само да направиш скица?“


Овој метод најдобро функционира со помали деца, кои е малку полесно да се „измамат“. Ако сепак се случи детето да ја избере првата, потешка опција, прифатете го тоа, иако таквиот исход е многу малку веројатен.

Што со постарите деца?

Кога децата се постари, понудете им вистински избор меѓу опции што вам ви се подеднакво прифатливи. На пример:

„Мора да ги завршиме домашните обврски пред да дојдат гостите. Сакаш ли да ја средиш својата соба или да ги измиеш садовите?“

„Вечерва мора да се подготвуваш за важен тест. Сакаш ли да вежбаш математика или читање со разбирање?“

„Сакаш ли есејот да го пишуваш на компјутер или прво да го напишеш рачно?“


Чувството на контрола е клуч за мотивација

И двете стратегии им даваат на децата чувство на контрола, а истовремено им нудат тесен и прифатлив избор на опции. Преглед на 36 студии објавен во списанието „Educational Psychology Review“ открил дека, кога родителите го поддржуваат чувството на автономија кај детето, децата покажуваат поголема мотивација, поголема вклученост и постигнуваат подобри академски резултати. Наместо да им наредувате, понудете им избор.


Постарите деца можеби и ќе сфатат што се обидувате да направите, но техниката и понатаму функционира затоа што давањето избор им овозможува да ја избегнат задачата што помалку им се допаѓа, што и понатаму е придобивка за нив.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk