[ВИДЕО] Страшниот инциден на Берман ја промени трката на Сузука, Антонели профитираше и стана нов лидер во Ф1

Дерби

29/03/2026

10:02

388

Големина на фонт

а а а

Кими Антонели го искористи „подарокот“ и забележа втора победа во низа во Формула 1, овојпат на легендарната патека Сузука во Јапонија.

Младиот Италијанец имаше лош старт и падна од првото на петтото место, па иако воведните 20 кругови не најавуваа дека може да го повтори успехот од Кина, овојпат среќата му се насмевна и доби гратис влегување во бокс во 22-от круг.

Тешкиот инцидент кој го имаше Оливер Берман предизвика активирање на безбедносното возили, а во ситуација кога возачите пред него веќе имаа влезено во бокс, Кими максимално профитираше и стана лидер на трката.

Откако се врати на првото место, Антонели не го испушти истото до самиот крај, па на тој начин ја осигура втората победа во низа во Формула 1, која му носи и историја бидејќи стана најмлад лидер во генералниот пласман во „најбрзиот циркус“.

Тимскиот колега од Мерцедес заврши на четвртото место откако ја загуби битката со Шарл Леклер (трет), додека втор на Сузука заврши Оскар Пјастри кој поради големи проблеми не настапи на првите две трки.

Меѓу првите десет на трката за Големата награда на Јапонија завршија уште Ландо Норис, Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Макс Ферстапен, Лиам Лосон и Естебан Окон.