По тешкиот пораз во Копенхаген, македонската фудаблска репрезентација има уште една обврска на крајот на овој месец, а тоа е пријателскиот меч против Ирска во дуелот на двете поразени селекции во бараж полуфиналето.
Пресметката во Даблин се игра на 31-ви март, а во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски дозна дека нема да смета на Бојан Миовски, како и на Јани Атанасов.
По барање на Глазгов, Бојан Миовски е ослободен од обврските и веќе ја напушти репрезентативната база, а на такво сценарио се согласил и самиот фудбалер.
Дополнителен хендикеп за стручниот штаб на Седлоски претставува и повредата на Јани Атанасов, кој по направените медицински прегледи нема да биде во можност да настапи на натпреварот во Даблин, додека надвор од конкуренција за натпреварот против Ирска ќе биде и незадоволниот Александар Трајковски кој порано се враќа во својот клуб (Локомотива).
Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди и Исник Алими, официјално побараа двајцата репрезентативци да бидат ослободени од репрезентативните обврски, но Барди и Алими имаат јасен став дека сакаат да останат и бидат дел од националниот тим и ќе конкурираат за настап на дуелот.








