[ФОТО] Ги почести фановите со жешко издание: Кајли Џенер го покажа бујното деколте во краток фустан

Точка

28/03/2026

18:58

588

Големина на фонт

а а а

Американската ријалити ѕвезда Кајли Џенер го привлече вниманието на фановите откако во новата кампања за својот бренд „Kylie Cosmetics“ позираше во краток фустан.

Таа носела тесен фустан со длабок изрез кој го истакнал нејзиното бујно деколте. Косата ја подигнала, а се одлучила за шминка во природни нијанси. Кајли позирала нанесувајќи сјај за усни.

„Нежен сјај за пролетните денови. Кремаст, топол и лесен“, е наведено во описот на фотографиите кои го привлекоа вниманието на фановите.


„Колку си убава“, „Никогаш не си изгледала подобро“, „Совршенство“, се само дел од комплиментите што ги доби на социјалните мрежи.

Инаку, таа неодамна објави дека ја продава својата вила во Хиден Хилс во Калифорнија за повеќе од 20 милиони долари. Се простира на 1.280 квадратни метри. Има базен, осум спални соби, осум бањи, кино, теретана, соба за масажа...


Тука е и апартман за гости, како и паркинг со осум места. Кајли Џенер ја купи оваа вила кон крајот на 2016 година за повеќе од 12 милиони долари, кога беше тинејџерка.

Во меѓувреме, се посвети на реновирање на својата друга вила, која во 2020 година ја купи од пејачката Мајли Сајрус за 15 милиони долари, а на социјалните мрежи го објавува речиси секој чекор од реновирањето.