Камила Мороне гостувала во емисијата кај Џими Фалон и во таа прилика ја промовирала новата серија на „Netflix“ на која работела, но многу повеќе се зборувало за нејзиниот атрактивен изглед.
Младата актерка и манекенка Камила Мороне (28) ги привлекла сите погледи со своето провокативно издание во емисијата „The Tonight Show“ кај Џими Фалон, во толкава мера што ни водителот не можел да се фокусира на прашањата кои сакал да ѝ ги постави.
Многумина Камила ја нарекуваат најубавата поранешна девојка на Леонардо ди Каприо, а таа со ова појавување можеби и ја оправдала титулата.
За гостувањето во емисијата избрала да носи црно сако во комбинација со кратко здолниште, а она што посебно се истакнало е фактот што под сакото не носела ништо.
Деколтето и долгите нозе биле во прв план, а Камила сето тоа го надополнила со елегантни салонки на висока потпетица и самоуверено позирала без грижа за ризикот дека можеби нешто повеќе ќе открие.

Кога на социјалните мрежи се појавил прв инсерт од емисијата, сите ги преплавиле социјалните мрежи со видеа на кои Камила е во прв план.
Позитивните коментари на сметка на нејзиниот изглед не изостанале, а фановите ја пофалиле актерката како никогаш досега.
„Таа е секогаш прекрасна“, „Толку згодна и убава девојка“, „Џими, каде гледаш, внимавај што правиш“, „Лео сигурно жали“, „Какви нозе“, биле само дел од коментарите.














