Седлоски даде објаснување за незадоволството кај двајцата напаѓачи кои го напуштија репрезентативниот камп

Дерби

28/03/2026

16:07

516

Големина на фонт

а а а

Бојан Миовски и Александар Трајковски добија барања од своите клубови предвреме да ги завршат репрезентативните обврски во месец март, а откако двајцата не беа стартери во Копенхаген, напаѓачите решија позитивно да одговорат на таквата прозиква и да не отпатуваат со националниот тим во Даблин.

Гоце Седлоски денеска потврди дека двајцата незадоволни напаѓачи го напуштиле македонскиот камп и нема да бидат во комбинација за настап против Ирска, натпревар на кој поради повреда отпадна и Јани Атанасов.

Новиот македонски селектор се реши за друг избор во напаѓачката линија на средбата со Данска, а бидејќи се крена голема врева за неиграњето на двајцата, сега даде објаснување за одлука.

– Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден.

– Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав, – јасно порача Седлоски.