Ристовски потврди 438 милиони денари како поддршка за македонскиот спорт

Дерби

28/03/2026

17:46

126

Големина на фонт

а а а

Борко Ристовски веќе некое време е целосно инволвиран во обидот да се даде поголемо значење на спортот во општеството, а како актуелен министер за спорт, поранешниот репрезентативен голман најави нова поддршка за македонскиот спорт.

Некогашниот „министер за одбрана“ се претвори во министер за спорт и пред одреден период ги потврди субвенциите во висина од 358.000.000 денари, но сега најави дека во македонскиот спорт ќе бидат вложени дополнителни 80.000.000 денари.

– После субвенциите од 358.000.000 денари, дополнително ќе бидат исплатени уште 80.000.000 денари како директна поддршка за македонскиот спорт.

– Ја разбирам целокупната ситуција во спортот и затоа Министерството за спорт од сопствени средства, обезбеди дополнителни 80.000.000, за помош на сите спортски колективи . Најголем дел од тие средства, околу 30.000.000 денари ќе бидат наменети за помош на ракометот – изјави Ристовски при обраќањето на редовното годишно собрание кое го одржа РФМ.