Василевска: Крај на чување предмети во фиока, со воведување на електронска архива и дигитализација ќе завршат ваквите практики

Макфакс

26/03/2026

19:28

143

Големина на фонт

а а а

Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната собраниска седница за пратенички прашања постави две прашања до министерот за дигитална трансформација.

Како што кажа таа, Владата му нуди на ЈО преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите.

Василевска посочи и дека со воведување на електронска архива и дигитално управување со предметите, според неа, се најавува суштинска промена во работењето на институциите и крај на практиките на чување на предмети во фиока.

„Колку институции досега се вклучени во системот за електронско управување со документи ЕДМС и кој е конкретниот план и рок за неговото проширување на ниво на целата јавна администрација. Како е обезбедена безбедноста на системот, особено во контекст на сајбер заканите, заштитата на чувствителни податоци и континуитетот на работењето, имајќи ги предвид претходните предизвици со ИКТ системите во институциите“, праша Василевска.

Василевска потсети дека Европската комисија предложи отворање на преговори за воведување роаминг „како дома“ меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, што како што вели таа, претставува значаен чекор кон намалувањето на трошоците за граѓаните и стопанството.

„Во која фаза се наоѓа процесот на отворање и водење на преговорите за роаминг ,,како дома“, и кои се следните институционални чекори на ниво на ЕУ и на национално ниво. Кои законски и регулаторни усогласувања се веќе направени, особено во рамки на измените на Законот за електронски комуникации и дали тие се целосно усогласени со Европскиот кодекс за електронски комуникации и која е реалната временска рамка во која граѓаните на Македонија би можеле да ги почувствуваат придобивките од ромаинг како дома во односите со земјите членки на ЕУ“, праша Василевска.