СДСМ: Мицкоски денеска му делеше задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница

Макфакс

26/03/2026

18:34

136

Големина на фонт

а а а

Христијан Мицкоски денеска му делеше задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница – што да прави, како да постапува, кого да гони, кои предмети да ги отвора. Исто како што преку телевизии елиминираше кандидати, велат од СДСМ.

„Ова е тоа погребување на правдата и воспоставување тотална контрола на власта над обвинителството и судството. Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво да се уапси себеси. Докази има колку сака – и за него и за неговата организирана криминална група – ВМРО. Но, ова е најава на она што СДСМ веќе со месеци го зборува. После Дубаи, Харис Џиновиќ, Башановиќ, нападите на СЈО – доаѓа времето за она што СДСМ го најави: нова кампања со Боки 13 и Катица Јанева, која намерно ја пуштија од затвор три години порано. Да се замолчи опозицијата по секоја цена, да се прави политички прогон и лични хајки преку 40% од медиумите под контрола на Орбан“, велат од СДСМ.

Според партијата, крајната цел е укинување на пресудите на Никола Груевски и терен за негово враќање во Македонија.

„Еднаш го излажавте народот. Мицкоски клечеше и молеше за власт лажејќи дека ќе го врати името. Анкетата што вие си ја правевте ви кажа сè, не поминуваат веќе лаги – народот повеќе не може да го излажете“, велат од СДСМ