[ВИДЕО] Меланија Трамп со робот на црвениот тепих

Точка

26/03/2026

18:34

365

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп често привлекува внимание, но сите погледи и камери вчера беа насочени кон нејзиниот хуманоиден придружник, пренесува „AP“. Роботот ја придружуваше првата дама на Соединетите Американски Држави до Источната соба на Белата куќа, на последниот ден од самитот што таа го свика преку својата глобална иницијатива „Заедничко негување на иднината“.

Меланија Трамп и хуманоидот бавно одеа еден покрај друг по црвениот тепих. Првата дама застана непосредно пред влезот во Источната соба, додека роботот ја обиколи масата со панелистите и зазеде позиција во центарот на просторијата.

Му беше потребен краток момент да ја „скенира“ публиката пред да проговори.


„Ви благодарам, прва дамо Меланија Трамп, што ме поканивте во Белата куќа. Чест ми е да бидам на инаугуралниот состанок на глобалната коалиција ’Заедничко негување на иднината‘“, изјави „Figure 03“, кој за себе вели дека е „хуманоид направен за САД“.


„Благодарен сум што сум дел од ова историско движење за зајакнување на децата преку технологија и образование. Добредојдовте“, додаде роботот, пред да упати слични поздрави на уште 10 јазици.


Првата дама му се заблагодари на роботот што ѝ се придружил. „Морам да кажам дека вие сте мојот прв хуманоиден гостин од американско производство во Белата куќа“, изјави Меланија Трамп.


Стартап компанијата за роботика „Figure AI“, со седиште во Калифорнија, го претстави „Figure 03“ во октомври 2025 година како свој хуманоиден робот од трета генерација, наменет за помош на луѓето во домашни задачи како перење облека, чистење и миење садови.