Уапсен 72-годишник од Валандово: Ја истепал сопругата, а потоа нападнал и полицаец

Макфакс

26/03/2026

11:43

162

Големина на фонт

а а а

Вчера во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото.

При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.