Жерновски: Ќе ја вратиме Македонија таму каде што припаѓа

Макфакс

26/03/2026

11:42

254

Големина на фонт

а а а

СДСМ вчера избра нови членови на Централниот и на Извршниот одбор. За нови членови избрани се: Соња Стаменкова – актуелна градоначалничка на Македонска Каменица, Слободен Чокревски – професор, поранешен носител на неколку јавни функции, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ, Тања Илијовска – дипломиран економист, Рубин Земон – Д-р по етнологија, поранешен пратеник.

За Меѓународен секретар на СДСМ е избран Андреј Жерновски, за втор Организациски секретар на СДСМ е избран Зоран Трифуновски, а распишан е оглас за избор на претседател на Форумот на пензионери на СДСМ.

По тој повод Жерновски, преку социјалните мрежи, изрази благодарност до претседателот на партијата, Венко Филипче, за предлогот да биде избран за секретар за мегународна соработка, како и до членовите на ЦО кои со својот глас го потврдија предлогот.

„Улогата, значајот и авторитетот кои СДСМ ги има во меѓународни размери се докажани не само на партиски, туку и на државнички план. Ова е вистински предизвик, кој може само да послужи како мотив да ја оправдам дадената доверба. Ќе ја вратиме Македонија таму каде што припаѓа!“, порача Жерновски.