Берлин и Париз од денес поврзани со ноќен воз, патувањето ќе трае околу 16 часа

Макфакс

26/03/2026

11:08

172

Големина на фонт

а а а

Од денес, ноќен воз сообраќа помеѓу Париз и Берлин, пренесува „дпа“.

Денес, првиот воз до германската престолнина ќе тргне од париската станица Gare du Nord. Линијата ќе сообраќа помеѓу двата града три пати неделно, а патувањето ќе трае околу 16 часа. Од 13 јули, единствената станица во Германија ќе биде станицата Хамбург-Харбург. Возот ќе застанува и во Монс, Брисел и Лиеж.

Компанијата European Sleeper на тој начин ја презема рутата што Австриските федерални железници (ÖBB) ја откажаа кон средината на декември поради повлекувањето на државните субвенции во Франција. Линијата управувана од ÖBB во соработка со француската SNCF и германската Deutsche Bahn сообраќаше преку Стразбур, Франкфурт и Ерфурт.

Откажувањето на линијата, воведена само две години претходно, предизвика протести. Потоа реагираше European Sleeper за повторно поврзување на двата града. Таа компанија веќе одржува линија помеѓу Брисел и Прага преку германската престолнина.

Ноќните возови стануваат сè попопуларни бидејќи сè повеќе луѓе избираат да патуваат на долги растојанија со воз и не се обесхрабрени од должината на патувањето. Сепак, државните железнички компании се жалат дека овие линии не се профитабилни.