Играч на Барса не е задоволен од минутажата која ја добива од Флик: Заслужувам повеќе

Дерби

26/03/2026

08:45

784

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик е тренер кој се обидува да ги направи задоволни сите свои играчи во тимот, но во клуб како Барселона кој е исполнет со голем број ѕвезди, навистина е многу тешко да се бираат почетните 11, но и играчите кои влегуваат од клупа.

Германецот на моменти е доведен во ситуација да носи тешки одлуки, а во последно време од неговата ротација се изгуби Рони Бардагчи, кој доби минутажа на еден од последните шест натпревари.

Крилниот фудбалер кој беше купен минатото лето сега има репрезентативни обврски и ќе игра бараж дуел со својата Шведска против Украина, а во пресрет на мечот, призна дека не е задоволен од минутажата која ја ужива во првиот тим на Барса.

– Вистината е дека до овој момент добив многу малку време за докажување. Имам трпение, но искрено мислам дека заслужувам повеќе од тоа што го добивам.

– Секако дека не сум задоволен, но ова е дел од фудбалот и мора да се помирам. Очекував да играм повеќе во овој згуснат распоред, но исто така морам да ги почитувам играчите кои се подолго време од мене во клубот, – изјави Бардагчи.