Актерката Зендеја ги воодушевила присутните со елегантно модно издание на премиерата на филмот „The Drama“ во Париз.
За оваа пригода таа избрала долг бел фустан со отворен грб, кој во долниот дел имал голема црна машна со опашка што се влечела зад неа.

Фустанот ја истакнал витката фигура на Зендеја, а воедно внел и доза елеганција на црвениот килим. Оваа креација има и шлиц под коленото, а актерката модното издание го надополнила со црни високи потпетици.
Креацијата е дело на француско-белгискиот моден дизајнер Никола Гескиер и модната куќа „Луј Витон“. Долгиот фустан со долги ракави што го носела Зендеја бил изработен по мерка.


Модното издание актерката го заокружила со сребрен ѓердан, обетки и сребрени прстени, додека со шминката одлучила да ги нагласи очите.