Кузеска: Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада

Макфакс

25/03/2026

12:58

154

Големина на фонт

а а а

Цените растат, платите не – Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, се потврдило сѐ она што СДСМ го говорелои за што предупредувало, за жал, како што рече, на директна штета на стандардот на граѓаните.

„Мерката на Мицкоски не даде ефект. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски има ново покачување на цената на дизелот, кој сега изнесува 95,5 денари за литар. Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата. Или ова го прави намерно заради заштита на приватни бизниси. Или можеби и едното и другото. Проблемот за граѓаните е веќе тука – активирана е спиралата на раст на цените на храната. Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, месото е веќе покачено. Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат“, рече таа.

Кузеска додаде дека Мицкоски одбил да ја покачи минималната плата на 600 евра.

„Наместо мерки – Мицкоски прави дефокус, Дубаи, Зграда 42 спрата, Харис Џиновиќ, Башановиќ, што ли не измислија. „Началникот“ Латас е повторно во акција – дефокус наместо леб. Граѓаните не можат да живеат од дефокус. Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата, не носи пари во семејните буџети. Дури Мицкоски зборува дека граѓаните „станале милионери“ и дека заштедиле, 200 илјади дневно, 1,5 милиони евра неделно“, рече Кузеска.

Според неа, Мицкоски се однесува како уредник на жолт печат, со навреди и дефокус, наместо со решенија.

Таа го повика да ги прифати мерките на СДСМ – намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на патарините.