ДУИ: Речиси 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на 2026 година

Макфакс

25/03/2026

11:36

134

Големина на фонт

а а а

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објави дека од почетокот на 2026 година се потрошени речиси 25 милиони евра за увоз на струја.

„ДУИ објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика. Само од почетокот на 2026 година, ЕСМ, со цел да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, била принудена да набавува електрична енергија во најмалку два наврати: • Јануари: 104.160 MWh по цена од 119,50 евра за MWh. Вкупно: 12.447.120 евра. Февруари: 94.080 MWh по цена од 126,90 евра за MWh. Вкупно: 11.938.752 евра. Вкупно, за само два месеци се потрошени 24.385.872 евра за увоз на електрична енергија“, велат од ДУИ.

Според партијата, овие бројки јасно покажуваат дека ЕСМ нема доволен производствен капацитет за да ги покрие потребите на регулираниот пазар. Од ДУИ велат дека ова директно води кон зголемен притисок врз цената на електричната енергија за граѓаните.

„Електроенергетскиот систем се соочува со сериозни предизвици, а последиците од недомаќинското и нестручното управување ќе ги сносат граѓаните, преку зголеми фактури“, велат од ДУИ.