Оваа намирница помага да се исфрли микропластиката од телото

Точка

24/03/2026

22:38

380

Големина на фонт

а а а

Научниците открија дека популарната намирница кимчи може да помогне во отстранување на микропластиката од човечкото тело.

Ново истражување објавено во списанието „Bioresource Technology“ покажа дека кимчи, традиционално корејско јадење од ферментиран зеленчук (најчесто зелка), има потенцијал да го ослободи организмот од ситни пластични честички познати како нанопластика, пишува „People“.

Нанопластиката е вид микропластика која настанува со распаѓање на потрошувачки производи, а честичките се толку мали што можат да навлезат во клетките, ткивата, па дури и да ја поминат крвно-мозочната бариера. Според американската Агенција за храна и лекови („FDA“), во храната најчесто доспеваат поради загадувањето на средината во која се одгледува.


Како помага кимчи?

Студијата покажа дека бактериите на млечна киселина, кои се наоѓаат во кимчи, ги врзуваат честичките на нанопластика во цревата. Тоа овозможува штетните честички да се групираат и заедно да се исфрлат од телото преку дигестивниот систем.

Тестирањата спроведени на глувци ги потврдија овие наоди. Кај глувци од двата пола на кои им бил даван видот на бактеријата Leukonostok mezenteroides, изолиран од кимчи, е забележано повеќе од двојно зголемување на количината на нанопластика во изметот.


Потенцијал и кај други намирници

Кимчи не е единствената намирница што покажала ваков потенцијал. Списанието „Food & Wine“, повикувајќи се на истражувачи од Универзитетот Тарлтон Стејт, неодамна објави дека бамјата и пискавицата би можеле да имаат слични корисни ефекти.

Научниот тим утврди дека бамјата и пискавицата, кога се додаваат во загадена вода, создаваат супстанција што ги врзува честичките на микропластика во грутки. Тие грутки потоа се одвојуваат од течноста и тонат на дното, со што водата се прочистува.