Граѓаните на Минхен го избраа првиот градоначалник кој отворено е геј – Доминик Краузе. Тој победата ја прослави бакнувајќи го свршеникот Себастијан Милер.
Во вториот круг од изборите Краузе победи со 56,4 отсто од гласовите, победувајќи го поранешниот градоначалник од Социјалдемократската партија (СПД), Дитер Рајтер.
Тој му се заблагодари на својот свршеник и наведе дека тој е љубовта на неговиот живот, без кого ништо од ова не би било можно. Се запознале во 2007 година во училиште за танц. Се спријателиле, а подоцна започнале љубовна врска.
Се свршиле во 2024 година. Одбележувајќи го историскиот ЛГБТК+ момент во германската политика, Краузе напиша на Инстаграм:
„Минхен, прекрасен си! Нашиот град денес одлучи да го осветли светот. Ви благодарам за ова неверојатна доверба. Ајде да почнеме!“.

Краузе е член на градскиот совет од 2014 година, а за заменик-градоначалник бил избран во 2023 година, што го прави една од најмладите личности на таа функција.
Тој има 35 години и познат е како прагматичен политичар, фокусиран на заштита на климата, одржлив урбан развој, дигитализација, социјална политика и образование.








