„Ако Диего беше Бог, тогаш Скот е Исус“

Макфакс

24/03/2026

13:29

190

Големина на фонт

а а а

Синот на легендарниот Диего Марадона не штедеше пофалби за Скот Мектоминеј.

Диего Армандо Марадона помладиот верува дека Скот Мектоминеј е најважниот играч на Наполи по неговиот татко.

„Ако Диего беше Бог, тогаш Скот е Исус.“

Мектоминеј игра навистина добро откако пристигна од Манчестер Јунајтед во 2024 година. Минатата сезона беше најдобар играч во Серија А, а беше и меѓу номинираните за Златната топка.

Тој игра во одлична форма и оваа сезона, на 36 натпревари постигна 11 гола со четири асистенции.

Пофалбите дојдоа по победничкиот гол против Каљари (1:0), кога Марадона помладиот разговараше со „Телевомер“.

„По мојот татко, Мектоминеј е најважниот играч во историјата на Наполи. Во Наполи имавме бог во ликот на Диего, но за мене Мектомини е Исус. Апсолутно клучен играч“, рече тој.