Виктор Осимен успешно е опериран

Макфакс

24/03/2026

12:57

191

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Галатасарај и нигериски репрезентативец Виктор Осимен успешно ја оперираше десната рака, објави турскиот клуб.

Пред една недела, Осмен ја скрши раката во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул (0:4).

Во соопштението за медиумите на турскиот клуб се наведува дека операцијата ја извршил клупскиот лекар Јенер Инџе во болницата во Истанбул.

Галатасарај не соопшти колку време ќе трае закрепнувањето на нигерискиот фудбалер.

Осимен (27) одигра 29 натпревари за Галатасарај во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 19 гола.