Манасиевски: СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ, со молкот само ги потврдуваат нашите тези за нивната поврзаност

Макфакс

24/03/2026

12:55

128

Големина на фонт

а а а

СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Или да се изразиме подиректно, Башановиќ и Милјан Шчекиќ, преку официјалниот меил на СДС, не ја демантираат соработката со СДС, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, Венко Филипче, Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ, како што кажа молчат, а со нивниот молк, додаде тој, само ги потврдуваат тезите за нивната соработка.

„Фалименто соопштенијата, неоснованите прес-конференции и клеветничките говори на СДС и на Филипче се доказ дека ПР тимот на СДС не им носи успех, туку само тонат се повеќе и повеќе.

Лошите ПР лекции кои Башановиќ и Шчекиќ им ги даваат на СДС и Филипче, ги прави да бидат неконкурентни на политичката сцена и ги прави да бидат неконструктивна опозиција.

Со ваквиот однос СДС ќе стане партија со под 100.000 гласови, а Венко Филипче ќе биде запаметен како човекот кој ја уништил СДС“.