Големото мадридско дерби секогаш е зачинето со голема тензија и одредена доза на провокации на теренот, а тоа не беше исклучок и на последната пресметка која се одигра на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид направи пресврт и на крајот освои важни три бода со победа од 3:2, натпревар на кој во играч на мечот прерасна Винисиус Жуниор поради блесокот во вториот дел.
🗣️ Vinícius a Simeone: "Me van a vender, me van a vender."
— (fan) REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) March 23, 2026
JAJAJAJAJA 🤣🤣🤣👏🏻 pic.twitter.com/P58um4HpVl
Бразилецот постигна два гола, вклучувајќи го и одлучувачкиот за 3:2, но Вини го привлече вниманието и со начинот на кој саркастично се смееше додека го напушташе теренот.
Уште во телевизискиот пренос стана јасно дека Вини испрати порака која беше наменета за Диего Симеоне, а сега специјализираните шпански емисии откри кои зборови ги употребил напаѓачот.
Симеоне пред неколку месеци му порача на Винисиус дека ќе биде продаден од Флорентино Перез за време на полуфиналниот дуел во Суперкупот, зборови кои очигледно добро ги запаметил Бразилецот, кој сега реши да му сервира ладна одмазда.
– Ќе ме продадат….. Ќе ме продадат, хахахахха, – иронично порачал Винисиус.








