Искусниот македонски дефанзивец, Стефан Ристовски донесе победа за Сараево над Вележ во средбата од 26. коло во првенството на Босна и Херцеговина.
Домаќините славеа со 1-0 со голот кој Ристовски го постигна во 64 минута и тоа откако најдобро се снајде по изведениот корнер на Љајиќ. Тој воедно беше прогласен и за играч на натпреварот.
Ова за Ристовски беше трет лигашки гол, а има и една асистенција. Инаку активен во дресот на Сараево беше Агон Елези, додека кај гостите играше Леонид Игњатов, поточно доби шанса во второто полувреме.







