Раја откри кој великан го посакувал неговиот потпис пред да се пресели во Арсенал

Дерби

22/03/2026

10:42

241

Големина на фонт

а а а

Давид Мартин Раја од 2023 година го носи дресот на Арсенал, клуб во кој дојде како конкуренција на Арон Рамздејл за да потоа стане сигурна „единица“ и неприкосновен на голот на „топчиите“

Тој се уште чека на трофеј со клубот од северен Лондон, но токму во оваа сезона тоа чекање може да заврши затоа што како тим се во игра за четири пехари, односно може да се круниса она што се градеше во претходните години.

Токму поради ова Раја е среќен и смета дека донел вистинска одлука да се пресели во Арсенал од Брентфорд иако можел да заврши и во Германија.

-Очигледно тренерот, филозофијата дека кога дојдоа по мене, проектот што беше таму, клубот се издигнуваше. Само сакав да направам голем чекор во мојата кариера доаѓајќи од Брентфорд и мислам дека Арсенал беше најдобриот тим за тоа. Очигледно, тоа беше и подигање на толку млад состав и мислам дека беше најдобриот избор што го направив да дојдам во овој клуб.

-Бев многу блиску да одам во друг клуб, но очигледно сè се случи со Арсенал бидејќи беше токму помеѓу и сè. Бев многу, многу блиску да одам во друг клуб, но за среќа тоа не се случи и Арсенал на крајот даде понуда и јас дојдов тука, -истакна Шпанецот кој запрашан кој е тој клуб, тој одговори:

-Баерн Минхен -порача Раја.