Ај медија: Нема соработка со СДСМ, ниту со Зоран Башановиќ

Макфакс

22/03/2026

11:00

194

Големина на фонт

а а а

Агенцијата „Eye Media“ ги демантира информациите дека има соработка со СДСМ и Зоран Башановиќ.

„Во врска со текстовите објавени во медиумите во кои се споменува ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) како соработник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), категорично ги демантираме сите тие тврдења.

Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници.

Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ.

Сите тврдења за „штанцање лажни соопштенија“, „центар за лаги“ или „надворешна ПР машинерија“ се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти.

Посебно нагласуваме дека немаме никаква врска со Зоран Башановиќ.

Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него.

Eye Media се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи.

Послуваме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струкава.

Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни“, стои во демантот на Агенцијата.