[ВИДЕО] Димитар Андоновски искрено за семејната трагедија која оставила длабока лузна: „Остана мистерија, првите 5 години ми беше особено тешко“

Точка

22/03/2026

12:47

822

Големина на фонт

а а а

Македонскиот пејач Димитар Андоновски во емисијата „Животна приказна“, отворено зборуваше за загубата на неговиот татко, која ја доживеал на многу рана возраст.

Искрениот Андоновски, се осврна на личната трагедија која оставила трајни последици врз неговиот живот, но и предизвиците кои следеле низ годините.


Иако, како што веќе знаеме избегнува да говори на оваа тема, со причина, тој овојпат реши да сподели мал дел од своето искуство и болка.

✨„Тоа е таа тема којашто јас избегнувам да ја говорам, затоа што остана како мистерија“, изјави пејачот, навраќајќи се на настанот што силно влијаел врз неговиот живот.

Тој нагласи дека не сака да навлегува во детали, но потврди дека станува збор за трагедија:

✨„Само ќе спомнам дека беше несреќен случај“, изјави во емисијата што се емитува на МТВ 1.

Андоновски посочи дека болката од загубата не исчезнала лесно и дека процесот на справување бил долг и тежок.


✨„Можам слободно да кажам, првите пет години ми беше особено тешко“, призна музичарот.

Димитар повеќе пати досега јавно има кажано дека него и сестра му, актерката Маја Андоновска - Илијевски, ги одгледала нивната мајка Гордана која за нив е вистински херој.

Инаку, Димитар е во среќен брак со Христина со која имаат двајца синови - Михаил и Гаврил.