Невидена ситуација: Играч на Оклахома „блокираше“ ривал со патика

Дерби

18/03/2026

11:45

210

Големина на фонт

а а а

Тимот на Оклахома Сити Тандер забележа уште една победа во НБА лигата и тоа против Орландо Меџик кого го доби на негов терен со 113:108.

Во прв план одново беше Шеј Гилџес Александер кој ја продолжи неверојатната серија и испорача 40 поени во мечот во кој имаше и една бизарна ситуациа во првото полувреме.

Имено се играше втората четвртина кога Алекс Карузо остана без патика, но со оглед на тоа што треаше нападот на домаќините, големиот борец остана да игра одбрана и притоа се реши за необичен потег.

Имено со патиката го изблокира Тристан да Силва, потег за кој работи техничка грешка, а беа признати и поените на Германецот бидејќи според прописите на НБА, вакви работи не се дозволени.