Во пустинскиот град Аин Сефра, на северот на Сахара, падна снег и изненади туристите и локалното население, а фотографиите од необичните сцени брзо се проширија по светот.
Ниските температури создадоа идеални услови за снежни врнежи. Се верува дека ова е седми пат во последните четири децении дека снегот паднал во овој дел од пустината.
Пред 2016 година, последен пат снегот во Аин Сефра паднал уште во 1979 година.
Градот, чиј назив буквално значи „жолт извор“, познат е и како „портата на пустината“. Се наоѓа на северниот раб на Сахара, во близина на подножјето на планинскиот венец Атлас.
Иако ваквата сцена ги воодушеви жителите и патниците, снежната прекривка не траела долго – снегот се стопи скоро исто така брзо како што падна.
Последен пат снег во овој регион паднал во јануари минатата година.
Во 2021 година, источниот дел на Сахара исто така бил покриен со снег, кој се протегал сè до Црвеното Море и Саудиска Арабија. За време на овој необичен временски настан, температурата паднала и до –2 степени Целзиусови.
Областа доживеала необични временски услови, иако температурите во овој пустински регион за време на жешкиот дел од годината можат да достигнат и над 50 степени Целзиусови, пишува британскиот „Sun“.

















