[ВИДЕО] Нов ТикТок тренд ги збуни луѓето: Зошто сè изгледа поубаво кога е „во Јапонија“?

Точка

13/03/2026

08:27

565

Големина на фонт

а а а

Судејќи според новиот ТикТок тренд секое место може да изгледа поубаво ако едноставно се каже дека се наоѓа во Јапонија. Станува збор за т.н. „јапонски ефект“, феномен што почнал да се шири откако Кејси Луис за прв пат го забележала во својот билтен за младински трендови „After School“.

Трендот вклучува објави со две фотографии кои навидум се потполно исти освен што едната е означена со вистинска локација, а другата со Токио. Идејата е дека „јапонскиот ефект“ е толку силен што и самата ознака на локацијата може да ја смени нашата перцепција за обична улица или просечна американска населба. Судејќи според коментарите, гледачите на овие видеозаписи искрено веруваат дека втората слика изгледа поубаво од првата.


Пристрасност кон Јапонија

„Видов толку многу вакви видеа и ме натераа да сфатам колку сум всушност пристрасен кон Јапонија. Зошто е ова толку убедливо?“ се вели во еден коментар.


Сепак вреди да се напомни дека некои корисници се поигруваат со заситеноста на боите или додаваат суптилни розови филтри, што донекаде ја доведува во прашање самата идеја за овој ефект.

Различно толкување

Други сметаат дека „јапонскиот ефект“ всушност има малку врска со Јапонија. Според нив се работи за познатото чувство дека „тревата е секогаш позелена од другата страна“, односно за промената во перспективата што се случува кога застануваме за момент и се обидуваме да ги романтизираме секојдневните сцени.


„Америка е всушност прилично убава, само постои психолошка бариера која не нѝ дозволува да ги цениме работите што секојдневно ги гледаме“, коментирал еден корисник.

„Понекогаш го правам тоа во сопствената куќа. Си велам себеси: „Да беше ова Ер-Би-Ен-Би ќе ми беше супер овде. Тоа навистина те тера повеќе да го цениш она што го имаш“, напишал друг.