Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра, тоа е хистерија Мицкоски, велат од СДСМ

Макфакс

12/03/2026

08:51

221

Големина на фонт

а а а

Срамна и безобразна е изјавата на Мицкоски кој граѓаните и работниците кои едвај врзвуваат крај со крај и не можат да го прехранат своето семејство ги нарече хистерични, велат од СДСМ.

„Над 200.000 работнички семејства живеат тешко, а Мицкоски ги прави хистерични.

Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата.

Не е хистерија да се бара достоинствена плата, тоа е борба за достоинствен живот, да можат граѓаните да обезбедат пристојна живејачка, леб на масата, храна во фрижидерот, да можат да платат сметки и да школуваат своите деца“.

Сега, кога поскапе горивото, според СДСМ се очекува и зголемување на цените на храната и останатите производи. „А тој дрско се однесува кон работниците и вели дека утре ќе барале 800 евра. Поради поскапувањата и тие ќе бидат малку.

Не е хистерија 600 евра плата Мицкоски, тоа е борба за живот. Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра – тоа е хистерија“.