Пријава за малтретирање и закани: Тетовец под истрага за насилство врз партнерка и деца

Макфакс

19/04/2026

14:33

167

Големина на фонт

а а а

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 43-годишен тетовец поради сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.

Според пријавата, осомничениот физички и психички ја малтретирал својата партнерка, како и нејзините деца. Во последните три месеци, тој преку мобилна апликација им испраќал и пораки со заканувачка содржина.

Случајот е процесуиран до надлежните институции.