Лефков: Наместо извинување, СДС и Филипче и натаму лажат за темата мигранти во јавноста, дали кормилото во бродот кој им тоне го управува кој стигне

Макфакс

10/03/2026

12:31

138

Големина на фонт

а а а

Наместо извинување од страна на СДС и Филипче за невистините кои ги изнесоа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, тие и понатаму продолжуваат да лажат, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„ПР-от на СДС и Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДС тоне се повеќе и повеќе.

Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во Македонија, СДС и натаму продолжува тврдоглаво со главата во ѕид, мислејќи дека ако повторуваат 100 пати една лага таа ќе стане вистина.

СДС и Филипче лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови, а тие беа истите кои велеа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа“.

Според Лефков, за секоја нивна лага следува демант, и како што вели, нема извинување, нема одговорност.

„Само лаги, манипулации и деструкција. Основните три начела на СДС, затоа и се трета партија во Македонија со 130.000 гласови“.