Шок во средно училиште во скопски Центар: Уапсен професор, барал да има полови односи со ученичка

Макфакс

10/03/2026

14:12

1.798

Големина на фонт

а а а

Полицијата уапси професор во средно училиште во Скопје кој, според пријавата, барал од 18-годишна ученичка да имаат полови односи.

Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.


По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.