[ФОТО] Физичката трансформација на Барби Фереира во прв план на ревијата на Жан Пол Готје, актерката никогаш послаба

Точка

09/03/2026

14:40

614

Големина на фонт

а а а

Американската актерка и ѕвезда на серијата „Euphoria“ повторно беше во центарот на вниманието поради своето губење килограми, а овој пат својата нова линија ја покажа на ревијата на Жан Пол Готје на Модната недела во Париз.

Фереира на ревијата носеше елегантен црн вечерен фустан кој привлече големо внимание на социјалните мрежи. Фустанот беше проѕирен, со изрези околу стомакот, а посебен визуелен ефект му даваше големиот набран детаљ на деколтето, што го правеше изгледот особено впечатлив.


Фустанот кој ја следеше линијата на телото дополнително го нагласи губењето на килограмите на Фереира, со кое веќе извесно време привлекува внимание.

Минатата година 28-годишната актерка беше меѓу ѕвездите кои прошетаа по модната писта на ревијата на „Victoria's Secret“ во Њујорк. Барби во јули 2020 година за „Vogue“ зборуваше за своето тело.


„Од претпубертетската до тинејџерската возраст никако не ми се допаѓаше како изгледам. Снимав многу уметнички фотографии на кои носев многу шминка и ги објавував на Tumblr, но никогаш не го покажував своето тело“, рече таа.

Ревијата на Жан Пол Готје на Модната недела во Париз за сезоната есен/зима 2026–2027 се одржа вчера и привлече големо внимание на модната сцена. Колекцијата ја потпиша Дуран Лантинк, кој продолжува да ја модернизира препознатливата естетика на модната куќа, спојувајќи традиција и современост.

Темата на колекцијата си поигруваше со контрастите – елегантни кроеви и урбани детали, а комбинацијата на женски и машки елементи евоцираше иконични фигури како Марлен Дитрих, додека ретро елементите потсетија на култната историја на соработка на Готје со Мадона.

Ревијата беше визуелно и сценски впечатлива, нагласувајќи ја театралноста и поместувањето на границите на класичната мода.