Кралот Маха Ваџиралонгкорн од Тајланд е најбогатиот монарх на светот, со имот од 30 до 70 милијарди долари и флота од 38 приватни авиони.
Како деца сигурно сте слушале бајки во кои ви зборувале дека кралевите се најбогатите на светот.
Сега кога размислувате за нивното богатство и кој од нив е најбогат, тогаш сигурно ќе помислите на кралските семејства и нивните монарси како што се Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Монако, Обединетото Кралство...

Меѓутоа, овој крал е дури 50 пати побогат од британското кралско семејство.
За него поголем дел од луѓето не слушнале, па не знаат и дека постои со своето кралство за чие богатство е тешко и да замислите колкаво е.
Маха Ваџиралонгкорн
Имено, најбогатиот монарх на светот е кралот на Тајланд - Маха, со проценета нето вредност меѓу 30 и 70 милијарди долари.
Контролира над 17.000 договори во наем на недвижнини само во Бангкок и 40.000 ширум земјата. Кралот контролира околу 6.560 хектари земја во Тајланд, вклучувајќи деловни згради, хотели и одморалишта, што генерира значаен приход од нив.

Управување со имот
Има директна контрола над „Crown Property Buareau“ којшто управува со неговото огромно портфолио, недвижнини и инвестиции.
Поседува значаен удел во „Siam Commercial Bank“ (околу 23 отсто) и „Siam Cement Group“ (околу 33 отсто) кои се меѓу најголемите финансиски и индустриски компании во Тајланд.
Авиони, бродови
Неговиот имот вклучува флота од 38 приватни авиони и хеликоптери, над 300 луксузни автомобили и 52 позлатени бродови кои ги користи за церемонии.

Скапоцености
Поседува огромна колекција накит, вклучувајќи и златен јубиларен дијамант од 545,67 карати.
Додека некои извештаи можат да укажат на саудиското кралско семејство како најбогато, повеќе извори потврдуваат дека кралот Маха е најбогатиот поединечен монарх.









